Во сабота, , 8 март, ќе се одржи марш за женски права од слоганот: „Нека јадат ружи!“.
Маршот ќе започне во 13 часот пред Универзална сала.
8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме, не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија, велат од Платформата за родова еднаквост .
Од Пларформата повикуваат на бојкот и марш за спротивставување на силеџиството на системот.
На 8 Март повикуваме на бојкот на големите маркети, ланци и трговските центри кои преку вештачки наметната инфлација нѐ доведуваат до раб на егзистенција. А за да ја истакнеме вредноста на сè што секојдневно правиме во домот, овој 8 март ги повикуваме жените на бојкот на домашните обврски, велат тие.
Протестниот марш ќе заврши во Паркот Жена борец каде за крај ќе има обраќања до јавноста и институциите.