Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Нов скандал во Министерството на Андоновски, жената државен секретар а мажот добива тендери

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ВЕСТИ
Фото: СДСМ
Фото: СДСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2025 13:14

СДСМ на денешната прес конференција излезе со документи кои ги докажуваат нивните сомневања за корупција  преку јавните набавки во државните и општинските институции кои ги води ДПМНЕ.

Во Министерството на Андоновски, каде втор човек е Државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров, тврдат од СДСМ.

Ова се два договори, склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров.

Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.

Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство.

Истата оваа фирмата на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев.

Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски.

И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат.

Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка, велат од СДСМ.

Тие бараат Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој скандал, сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување и потсетуваат дека СДСМ ќе ја продолжи борбата против злоупотребата на парите на граѓаните.

 

 

 

 

ВМРО ДПМНЕ Гордана Клинчаров СДСМ Стефан Андоновски тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.