СДСМ велат дека со неверување ја примиле скандалозната изјава на министерот Стефан Андоновски која дојде по нивното објавување на скандалот за наместени тендери ( ги има добиено сопругот на државната секретарка во истото министерство- Гордана Клинчарова) во министерството за дигитална трансформација.
Наместо да се извини и да поднесе оставка, тој дрско се обиде да ја брани Клинчарова а всушност ја дозакопа. Андоновски вели дека Државната секретарка, во случајот сопругата на тој што го добил тендерот, била само ангажиарана во административно – буџетско работење на министерството. А Државниот секретар во секое министерство па и во неговото раководи со целата администрација. Што значи дека Клинчарова е шефица на сите кои учествувале во водењето на постапката за оваа и на било која друга јавна набавка, велат од СДСМ.
Тие велат дека изјавата на Андновски дека не може да знае со кого е потпишан Договорот паѓа во вода затоа што на договорот е неговиот потпис и потписот на сопругот на Клинчарова, Мартин Клинчаров.