Директорката за национално разузнавање на САД, Талси Габард, денеска изјави дека им ги укинала безбедносните сертификати на поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен и поранешниот советник за национална безбедност Џејк Саливен, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Габард, исто така, во објава на платформата „Икс“ напиша и дека претседателскиот дневен брифинг „повеќе не му се обезбедува“ на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Ги отповикав безбедносните сертификати и одбив пристап до доверливи информации за Ентони Блинкен, Џејк Саливан, Лиза Монако, Марк Зеид, Норман Ајзен, Летиција Џејмс, Алвин Брег и Ендрју Вајсман, заедно со 51 потписник на писмото за „дезинформации“ на Хантер Бајден, рече Габард.