Дванаесет повредени од пожарот во Кочани се пренесени во Белград. Девет од нив се на Урентен центар изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници.
Двајца пациенти се на одделението за интензивна нега, од кои едниот е на механичка вентилација, со изгореници на трахеобронхијалното стебло кои се многу сериозни, вели тој во изјава за медиумите.
Тој додаде дека главно имаат помлади пациенти на возраст од 18 до 35 години, кои не се оперирани, туку се лекувани, односно преврзани и дека нивното лекување продолжува.