Панче Тошковски има и многу други причини за оставка, а не само морални. За случајот со вчерашниот трагичен настан, по многу основи може да се лоцира одговорност кај Тошковски.
Ацо Лукароски
Тој во Владата на Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата Министер за урбанизам, градежништво итн. (не ми текнува точно на називот на тоа министерство)…
Е тој Антони Пешев, по авионска несреќа што се случи во близина на Охрид, при крајот на 1994 година си поднесе оставка. Иако не беше ниту пилот, ниту контролор на летање… Ама беше човек којшто имаше доблест да си поднесе оставка од морални причини.
Такви примери има уште многу во Европа и светот. Ама нема НИТУ ЕДЕН таков пример кога министер е од редовите на ВМРО.
Прашање: Дали актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ќе поднесе оставка од морални причини?
Одговор: НЕ!
Зошто?
Затоа што е од ВМРО. А партијата ВМРО секогаш била скарана со етиката.
Проблемот да е уште поголем, Панче Тошковски има и многу други причини за оставка, а не само морални. За случајот со вчерашниот трагичен настан, по многу основи може да се лоцира одговорност кај Тошковски.
Ама тоа е…
Начекале Мицко и Тошко народ со IQ 81, па ќе си го манипулираат до бескрај… Ќе одат јабана многу луѓе, ама на високи фукционери од ВМРО влакно нема да им фали од глава.
Подгтовена ли е јавноста во Македонија да изврши притисок и да издејствува оставка од Тошко? Оставка којашто ќе помогне сите во државата да почнат многу поодговорно да си ги завршуваат обврските?
Од Фејсбук ѕидот на авторот