Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција објави дека ќе постојат посебни протоколи за известување од утрешниот погреб на загинатите во трагедијата во Кочани.
Владата на денешната седница донесе заклучоци со задолженија за министерсва и државни служби поврзани со трагедијата во Кочани. Полициските службеници ќе обезбедат посебна зона на 300 метри од гробиштата во Кочани за медиумските работници. Оваа зона ќе обербзеди заштита на приватноста на семејствата на загинатите , рече Митева.