Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Газа повторно гори – над 85 загинати во новото израелско бомбардирање

0
By Zoran Ivanov on March 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 20, 2025 17:46

Најмалку 85 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во воздушните напади што денеска ги започна Израел низ Појасот Газа, откако ја продолжи кампањата со бомбардирања и копнени операции во енклавата, објави Министерството за здравство на енклавата.

Еден ден по започнувањето на новата копнена операција во центарот на Газа, израелската армија денеска објави дека започнала копнени операции во северниот дел на енклавата, покрај крајбрежниот пат во областа Беит Лахиа.

Палестинската исламистичка група Хамас, која не возврати во првите 48 часа од новиот израелски напад, објави дека нејзините борци истрелале ракети на израелска територија. Според израелската армија, сирените се огласиле во центарот на земјата откако биле истрелани ракети од Газа.

Палестинските здравствени работници рекоа дека израелските гранатирања биле насочени кон многу домови во областите на северните и јужните делови на Појасот Газа. Запрашана за коментар, израелската војска соопшти дека ги разгледува информациите.

Армијата ги продолжи воздушните напади во Газа во вторникот и започна копнени операции во средата, со што практично се откажа од договорот за прекин на огнот со Хамас што беше во сила од јануари.

Како што објави денеска, неговите сили биле вклучени во последните 24 часа во целна копнена операција, како што ја нарече, со цел да се прошири тампон зоната што ги дели северните и јужните делови на Газа, позната како коридор Нецарим.

Израел им нареди на жителите да се држат настрана од главниот пат север-југ за Салахудин и да ја изберат крајбрежната рута.

Хамас објави дека дека израелската копнена операција и нападот на коридорот Нецарим е „ново и опасно кршење“ на договорот за прекин на огнот. Ја потврди својата посветеност на договорот за прекин на огнот и ги повика посредниците „да ги преземат своите одговорности“. Привремената прва фаза од прекинот на огнот заврши на почетокот на месецот. Хамас сака да продолжи со договорената втора фаза, според која Израел ќе преговара за крај на војната и повлекување на своите војници, а израелските заложници држени во Газа ќе бидат разменети за палестински затвореници.

Израел понуди само привремено продолжување на прекинот на огнот, ги прекина сите испораки на Газа и вели дека ја продолжува својата воена кампања за да го принуди Хамас да ги ослободи преостанатите заложници.

 

бомбардирање газа Израел мртви
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.