НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Драган Секуловски, директор на ЗНМ: Ќе преживеат ли малите портали со измените во Законот за медиуми

0
By Marija Todorovska on March 22, 2025 ИНТЕРВЈУ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за медиумите ги исклучува онлајн медиумите надвор од Скопје од можноста да бидат дел од волонтерскиот регистар, бидејќи ниту еден од нив не исполнува условот за тројца вработени со полно работно време. Покрај локалните медиуми, овој предлог ги ограничува и т.н. медиуми на заедниците – специјализирани онлајн медиуми со специфична публика кои обработуваат теми како религија, екологија, младински политики и слично…тоа ги става во нерамноправна положба во однос на „големите“ онлајн медиуми. Ова е особено важно бидејќи, доколку во иднина само регистрираните медиуми добиваат одредени придобивки – како платена политичка програма пред избори, државни субвенции или пристап до Фондот за медиумски плурализам – овие помали и специјализирани медиуми би останале без поддршка и во неповолна пазарна позиција.

Марија Тодоровска 

Измените и дополнувањето на Законот за медиуми предизвика дискусии во јавноста. Со овие измени се воведува правна рамка за интернет медиумите, кои треба да исполнат одредени критериуми за да влезат во регистарот кој е признавање за професионален медиум. Но, критериумите, едниот од најпроблематичните, е во медиумот да бидат тројца вработени, што веднаш ги исклучува локалните и помали поратали кои немаат средства за ова. Иако медиумот не влезе во регистарот, тој сепак ќе може да продолжи со работа, не се исклучува можноста дека во иднина само одредени портали ќе добиваат одредени придобивки.

Разговаравме во Драган Секуловски, директор на Здружението на новинари на Македонија за Законот за медиуми, можните идни сценарија, иднината на порталите, вештачката интелигенција и младите новинари и рејтингот на македонското новинарство.

Нова: Што мислите за законот за медиуми, за Предлог измените од страна на Владата за регулација на интернет-порталите, дали ќе ја постигне својата цел – регулација на порталите и поголем професионализам?

Секуловски: Иницијативата за измена на Законот за медиумите, со воведување на волонтерски регистар за професионални онлајн медиуми во рамки на медиумскиот регулатор, е позитивен чекор кој се усогласува со европските практики во оваа област.
Еден од главните проблеми со овој предлог е критериумот за задолжително вработување на тројца лица, кој многу специјализирани онлајн медиуми, како и оние од помалите локални средини, не можат да го исполнат. Ова може да доведе до дискриминација и ограничување на нивниот пристап до регистарот. Дополнително, неопходни се јасни законски гаранции дека и онлајн медиумите регистрирани како граѓански организации, кои ги исполнуваат останатите услови, ќе бидат вклучени во регистарот. Законот треба недвосмислено да го потврди ова за да се спречат можни правни несигурности или погрешни толкувања од страна на надлежните судови.

Нова: Дали постои некоја негативна страна на овој закон, дали во иднина може да влијае врз слободата на говор на новинарите кои работата на интернет порталите?
Секуловски: Во моментов, Законот за медиумите ги исклучува онлајн медиумите надвор од Скопје од можноста да бидат дел од волонтерскиот регистар, бидејќи ниту еден од нив не исполнува условот за тројца вработени со полно работно време. Покрај локалните медиуми, овој предлог ги ограничува и т.н. медиуми на заедниците – специјализирани онлајн медиуми со специфична публика кои обработуваат теми како религија, екологија, младински политики и слично. Иако нивното исклучување од регистарот не значи дека тие нема да можат да постојат, но сепак тоа ги става во нерамноправна положба во однос на „големите“ онлајн медиуми. Ова е особено важно бидејќи, доколку во иднина само регистрираните медиуми добиваат одредени придобивки – како платена политичка програма пред избори, државни субвенции или пристап до Фондот за медиумски плурализам – овие помали и специјализирани медиуми би останале без поддршка и во неповолна пазарна позиција.
 Нова:  Која е гаранцијата дека нема да бидат фаворизирани порталите што ќе влезат во законската рамка?
Секуловски: Покрај прашањето за критериумите што ги исклучуваат локалните и специјализираните онлајн медиуми, идните измени на Законот за медиуми не смеат да доведат до ограничување на пристапот на новинарите од нерегистрираните онлајн медиуми на настани организирани од јавни институции на централно и локално ниво. Акредитирањето на новинарите не смее да зависи од тоа во кој медиум тие работат, бидејќи тоа би претставувало нарушување на медиумските слободи. Дополнително, Законот за медиуми го признава статусот на слободни новинари („фриленс“ новинари), кои по дефиниција не би биле дел од регистарот на онлајн медиуми, но сепак треба да имаат загарантиран пристап до јавни настани, вклучувајќи прес-конференции во Владата, Собранието и други институции.
Нова: Дали наведените услови мислите дека се достижни за повеќето портали, има ли можност многу од нив да згаснат со донесувањето на овој закон?
Секуловски: Факт е дека во Македонија постои голем број онлајн медиуми, вклучително и портали што се претставуваат како такви без да исполнуваат основни новинарски стандарди. На последните избори кои се одржаа во 2024 година, 251 портал се пријавија за платена политичка програма финансирана од партиите со јавни средства, од кои многу не беа од информативен карактер и имаа сомнителна позадина, компромитирајќи го процесот на политичко рекламирање.
Некои од овие портали не би требало да постојат доколку не нудат содржини од јавен интерес. Сепак, постои ризик дека заедно со нив ќе бидат обесправени и мали, специјализирани медиуми кои, иако имаат ограничени финансиски ресурси, обезбедуваат вредни информации за одредени заедници и теми. Овие медиуми би можеле значително да користат од поддршка преку Фондот за медиумски плурализам, а нивното вклучување во регистарот на онлајн медиуми би било важно за нивниот опстанок и развој.
Нова:  Кое е вашето гледиште за интернет порталите, дали се чекор понапред од традиционалните медиуми, дали тие се иднината на новинарството?
Секуловски: Интернет порталите претставуваат значаен чекор напред во развојот на новинарството, бидејќи нудат поголема брзина и достапност на информации. Тие се дел од иднината на новинарството, но исто така носат предизвици како што се проверката на вистинитоста на содржините и одржувањето на високо ниво на професионализам. Традиционалните медиуми и интернет-порталите можат да опстојуваат и да се дополнуваат едни со други во обезбедувањето на разновидни извори на информации.
Нова: Што мислите за младите новинари, за квалитетите и слабостите, дали можеби се повеќе наклонети за работа кон онлајн медиуми?
Секуловски: Во денешно време, младите новинари покажуваат одлични дигитални вештини и способност за брзо прилагодување на новите технологии, што ги прави особено наклонети кон работа во онлајн медиумите. Сепак, оваа наклонетост може да доведе до предизвици како што се недостаток на традиционални новинарски вештини, како истражувачко новинарство и проверка на факти, како и потенцијална изложеност на притисоци за брзо објавување без соодветна проверка на информациите.
За да се надминат овие слабости, важно е младите новинари да добијат соодветна обука и менторство, кои ќе им помогнат да ги комбинираат своите дигитални вештини со традиционалните новинарски принципи. Ова ќе придонесе за подобрување на квалитетот на новинарството и ќе ја зајакне довербата на публиката во медиумите.
Нова:  Кои се промените во новинарството што овие нови генерации ги носат, дали можете да предвидите во блиска иднина каде би било македонското новинарство?
Секуловски: Ако зборуваме за напредокот на технологијата и адаптацијата на младите колеги, во тој случај неминовно е да се стави акцент на вештачката интелигенција која се повеќе се користи во новинарството како алатка. Како се што е ново, така и употребата на ВИ има свои позитивни и негативни страни. ВИ може да биде корисна алатка за новинарите, овозможувајќи им да се фокусираат на истражувачка работа, длабинско раскажување приказни и градење значајни врски со публиката. Сепак постои опасност од преголемата зависност од ВИ без темелна проверка што може да го загрози интегритетот на приказната и да ја намали довербата на јавноста во медиумските институции. Затоа сметам дека е потребна внимателна и етичка употреба на ВИ, при што новинарите треба да ја задржат контролата врз наративот и да ја користат ВИ како поддршка, а не како замена за нивната работа. Во таа насока, потребна е соодветна обука и отворените дискусии меѓу новинарите за потенцијалните придобивки и ризици од различни платформи за ВИ се клучни за разбирање на целосниот потенцијал на овие технологии. Сметам дека неопходно е да се нагласи дека не сите платформи се безбедни за новинарите; личните податоци може да бидат украдени, а изворите може да бидат откриени.
Нова: Како го оценувате рејтингот на денешното македонско новинарство?
Секуловски: Новинарите во моментов се соочуваат со тешки услови за работа, ниски плати и притисоци од различни центри на моќ. За да се подобри состојбата, потребни се заеднички напори за зајакнување на професионалните и етичките стандарди, како и на создавање услови за независно и слободно новинарство. За подобрување на состојбата, неопходно е зајакнување на професионалните и етичките стандарди, како и зголемување на транспарентноста и независноста на медиумите. Ова ќе придонесе за подобрување на довербата на јавноста во медиумите и на зајакнување на нивната улога како чувари на демократијата.
Нова: За ЗНМ, Вашето искуство, дали е добро системски поставено, му треба ли промени, некаква реформа, ја одржува ли ЗНМ има довербата кај членството?
Секуловски: ЗНМ е формирано од новинарите и постои за новинарите, така што секогаш работиме во насока на унапредување на капацитетите на новинарите преку актуелизирање на теми кои се важни за работата на новинарите. Доследно го следиме стратешкиот план на ЗНМ. Тоа што би сакал да го истакнам е дека во тек е поставување на Академијата за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ која има за цел да понуди програми за обуки професионална надградба на новинарите во насока на збогатување на медиумската содржина од интерес на граѓаните.
Драган Секуловски Закон за медиуми ЗНМ интервју новинарство онлајн медиуми портали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.