НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство: 24 лица по 30 дена во притвор меѓу кои и тројца екс градоначалници на Кочани

0
By Zoran Ivanov on March 22, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешен министер, тројца градоначалници на Кочани, директори, управители на кочанската дискотека.. сите одат зад решетки 30 дена. Кочанскиот суд го притфати предлогот на обвинителството. По долгите сослушувања, доцна во ноќта последни од судот со лисици на рацете беа спроведени тројцата понеранешни први луѓе на градот.

Според Обвинителството, сите осомничени во периодот од 2012 година до кобниот 16 март, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите и мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето.

Осомничените тројца градоначалници и осомничениот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување не постапувале согласно закон, и дозволиле кабарето Пулс незаконски да работи без да ги усполнува условите. За целиот тој период општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект.

Трoјца осомничени се одговорни лица во фирмата на која се водела таканаречената дискотека. Објектот со намена за лесна индустрија кој се наоѓал во индустриска зона воопшто не ги исполнувал условите да биде пренаменет во угостителски објект – кабаре но континуирано си добивале лиценца.

Постои основано сомнение дека првоосомничениот за периодот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година директно на осомничено службено лице вработено во Министерството за економија, му дал паричен износ за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и на тој начин, без притоа да биде спроведена законски пропишаната постапка, обезбедил фалсификувана службена исправа – лиценца за вршење на угостителска дејност. Поради тоа против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и за примање поткуп, информираа од Обвинителството.

Меѓу осомничените е и проектантка, која изготвила проект како услов за отпочнување со работа и вршење на угостителска дејност – кабаре, иако знаела дека не постоеле законски услови објектот да биде пренаменет во таа категорија.

Од Министерството за економија до овој момент осомничени се поранешен министер, но и поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментов работат во Министерството но на други раководни позиции

Двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и  последните пет години ниту еден наврат не извршиле контрола, информираше републичкиот обвинител.

Меѓу осомничените се и газдата на агенцијата за обезбедување и членови на обезбедувањето кои дозволиле влез на малолетни лица внес на пиротехнички средства, како и член на групата ДНК кој ја донел пиротехниката. Обезбедувањето, како што посочија од Обвинителството, не направило безбедносна проценка и не ги провериле условите за противпожарна заштита.

За пожарот во кој загинаа 59 лица, осомничени се вкупно 34 лица. За седум од нив, кои се полициски службеници, се води посебен предмет во ОЈО ГОКК. Притвор беше побаран за вкупно 31 лице, и за сите беше прифатен. Тројца осомничени се сеуште хоспитализирани.

 

30 дена Кочани притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.