Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица пациенти се во критична состојба, осумина се враќаат од странство, а 16 ќе бидат испишани денеска

0
By Marija Todorovska on March 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 24, 2025 11:53

По сите направени испитувања, денеска од јавните здравствени установи во Скопје се очекува да бидат испишани 16 пациенти од трагедијата во Кочани. Како што најави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, тие ќе продолжат со лекување во домашни услови. Триесет пациенти ќе продолжат да се лекуваат во јавните здравствени установи во главниот град на државава.

Како што информираше Таравари, во државава моментално се лекуваат 54 пациенти од трагедијата во Кочани. Четириесет и шест низ јавните здравствени установи, а осуммина повредени во приватни болници.

Од оние во јавното здравство, 26 се лекуваат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тројца на КАРИЛ, шестмина на Пластична хирургија, 11 на Токсикологија, по двајца на Пулмологија и Детска хирургија и по еден на Торакална хирургија и Офталмологија. По десет лица се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во странство се лекуваат 115 пациенти. Министерот рече дека четири лица кои се на лекување во странство, се во критична состојба. Оваа недела, се очекува осуммина од оние во странство, да се вратат на клиниките кај нас.

Веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат, кои се лекуваат надвор од државата. Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Оваа недела очекуваме осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, подвлече Таравари.

Тој појасни дека пациентите се во фаза на инфекции и можни се компликации. Сепак, додаде, здравствените работници од странство го даваат нивниот максимум.

Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели, додаде Таравари.

Арбен Таравари Кочани пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.