НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Да се запре со говорот на омраза и замолчување на младите

0
By Marija Todorovska on March 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права во денешното соопштение апелира да се запре со говорот на омраза, особено на социјалните мрежи, но и во некои медиуми, како и замолчувањето на младите.

Во неделата на жалост по трагедијата со пожарот во Кочани, повторно сме сведоци на загрижувачки пораст на говорот на омраза, особено на социјалните мрежи, но и во некои медиуми. Барањето на одговорност од надлежните институции од страна на граѓаните и особено од страна на младите се поврзува со дејствување на политички партии и наместо достоинство и одговорност, гледаме навреди, обвинувања, говор на омраза и повикување на насилство. Сето ова добива размери на загрижувачки опасна онлајн хајка, се наведува во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права предупредува дека ваквите напади можат да имаат сериозни последици врз слободата на изразување и безбедноста на граѓаните. Истовремено потсетуваат дека говорот на омраза и повиците за насилство на социјалните мрежи претставуваат кривично дело.

Од тие причини од Хелсиншкиот комитет апелираат јавните личности, политичарите, како и сите корисници на социјалните мрежи да бидат одговорни во јавниот говор.

Во врска со студентските мирни собири кои деновиве се мета на навреди и разни шпекулации дека дејствуваат под нечие влијание, потсетуваме дека правото на мирен собир во Северна Македонија е уставно загарантирано право и е основно човеково право загарантирано со најзначајните меѓународни документи за човековите права.

Никого не треба да зачудува фактот што младите бараат одлучна борба против корупцијата и системските неправилности и неправди во општеството, чиишто жртви се трагично настараданите во Кочани. Од тие причини никој, а особено власта не треба од позиција на моќ да го узурпира гласот на младите, се наведува во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет велат дека на институциите треба да им се дозволи да ја завршат својата работа и да ги пронајдат и санкционираат одговорните за трагедијата во Кочани, но тоа, како што посочуваат, не се коси со потребата граѓаните да бараат системски промени и артикулирано да ги истакнат своите барања.

Расчистувањето на причините за несреќата во Кочани е испит и за органите на правосудниот систем кои треба професионално да спроведат темелна и непристрасна истрага, не подлегнувајќи на можни партиски и други притисоци. Во овој случај судиите мора да испорачаат правда, постапувајќи согласно позитивните закони, а во служба на граѓаните и јавниот интерес, се истакнува во соопштението.

Хелсиншкиот комитет согласно својот мандат, како што посочуваат, ќе ги мониторира протестите и ќе обезбедува бесплатна правна заштита при евентуални случаи на пречекорување на полициските овластувања. 

говор на омраза замолчување млади Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.