НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон Пост: Трамп притиска да ескалираат зголемувањата на царините пред 2-ри април

0
By Zoran Ivanov on March 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп ги повика своите врвни советници да заземат поагресивен став за царините додека неговата администрација се подготвува за голема ескалација на глобалната трговска војна што тој ја објави, објави Вашингтон пост, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање.

И покрај повиците од сојузниците на Волстрит и на Капитол Хил да прифатат поумерен пристап, Трамп се залага за опсежна трговска акција насочена кон заживување на американската економија, пишува изданието.

Според извештајот, Трамп продолжува да им кажува на своите советници дека сака да продолжи да ги зголемува тарифите и во последниве денови ја оживеа идејата за глобална тарифа која би се однесувала на повеќето увозни производи, без оглед на земјата на потекло.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Трамп се кае што не наметна повеќе царини за време на неговиот прв претседателски мандат и ги обвинува неговите советници што го убедиле да се воздржи, пишува весникот, додавајќи дека останува нејасно колку сериозно Трамп размислува да воведе глобална царина.

Според весникот, претседателот им рекол на своите советници дека тарифите се благодет за САД, бидејќи тие ги враќаат работните места во производствениот сектор и додаваат трилиони владини приходи.

Во петокот, Трамп рече дека е отворен за склучување договори со земјите кои сакаат да ги избегнат американските тарифи, но истакна дека преговорите за тие договори ќе треба да се одржат откако одмаздничките тарифи ќе бидат објавени на 2. април.

 

Април втори Договор зарини Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.