Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечена изјава на новоизбраните судии од редот на АСЈО – 49 кандидати официјално станаа судии

0
By Marija Todorovska on April 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2025 15:04

Новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Судскиот совет дадоа свечена изјава со што официјално станаа судии. Како што истакна претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, станува збор за 49 нови судии, со кои се очекува да се ублажи проблемот со недостатокот на судии ширум земјава.

Ова е доста битен ден за македонското правосудство, за Судскиот совет, но и за нашата држава, нагласи Камбовски, бидејќи, како што рече, после долг период се избираат толкав број на судии кои сите потекнуваат од Академијата за судии и обвинители. Очекувањата се големи, додаде, и се во насока на тоа тие одговорно, професионално и со интегритет ја извршуваат судиската функција.

Бројката од 49 судии не е за занемарување, таа е солидна бројка. Но, ова го ублажува проблемот и не го решава целосно. Ќе остане потребата од делигирање на судии особено на оние помали судови низ државата, каде долг период и покрај тоа што објавуваме огласи, никој не се јавува на тие огласи. Тоа е судот во Крушево како и други судови во источниот дел од државата. Проблемот го решаваме со делигирање на судии од поголемите судови, рече Камбовски.

Според систематизацијата, како што посочи, во судовите ширум земјава фалат околу 300 судии, но смета дека реалната потреба од судии е помала.

Доколку одиме според систематизацијата станува збор за бројка од 300 судии кои фалат, но сметам дека реалниот број е понизок од таа бројка. Не би сакал да шпекулирам и да излезам со бројка, кога ќе се направи таа анализа која што се прави од страна на Судскиот совет, ќе имаме попрезицен увид колку судии ни фалат и во кои судови, вели Камбовски.

Во врска со изласаните интерпелации во законодавниот дом против петте членови на Судскиот совет, тој рече дека мандатите на членовите на Судскиот совет се загарантирани со Уставот и Законот за Судски совет.

Како што имам нагласено во повеќе наврати изминатиов период, оставките се личен чин. Во поглед на покренување постапка за разрешување на член Судски совет, тоа е сосем друга постапка која што се водеше во Собранието. Единствено место каде што тоа е регулирано е во Законот на Судски совет. Очигледно оваа држава во одреден историски момент одлучила да донесе Устав каков што имаме, донесла Закон за судски совет каков што имаме и во тој Устав како и во Законот за судски совет дадена е таа гаранција за мандатите на членовите на Судскиот совет. Доколку некој сака тоа да го промени се знае која е постапката, рече Камбовски.

академија за судиии и јавни обвинители Камбовски свечена изјава судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.