НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Високи водостои на сите реки низ државава

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и постепено повлекување на водата. Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката котлина, во градот Скопје и низ Водно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот, посебно во средниот и долниот дел од сливот, каде би се префрлил водниот бран, се наведува во соопштението на ЦУК.

Висок бил и водостојот на Треска, каде околу месноста Пласница, можно било локално излевање на реката и поплавување на околните ливади.

Во текот на денот се очекува постепено стагнирање на водостојот на реката Треска, но, тој да продолжи да биде висок. Исто така, висок е водостојот на река Струмица по целото течение на реката, а пред сѐ поради врнежите во Косово и река Лепенец бележи зголемен водостој во текот на изминатава ноќ и изутринава, што во текот на денот се очекува да биде во намалување. Доколку денеска, на одредени места, врнежите бидат поројни, можно е да се очекува брз и рапиден пораст на водостојот на помалите реки и суводолици, додаваат од ЦУК.

Оттаму советуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците.

водостои дождови излевање поплави Реки ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.