Во Владата заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.
Во изјавата по средбата Филипче оцени дека разговорот бил конструктивен како и дека тие се договориле да бидат формирани работни групи кои ќе работат на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството.
Претходно, Мицкоски, на социјалните медуми кусо напиша:
Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија.
Средбата се одржа на иницијатива на Филипче кој на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ му го образложи неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.