Венко Филипче: Повикав на средба со сите претседатели на политичките партии. И да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба. Јас на тој состанок го претставував СДСМ, а премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ и ние се состанавме како лидери на двете најголеми партии во македонскиот блок. Притоа, премиерот Мицкоски беше првиот којшто без забелешка и единствен кој ја прифати поканата за средба, истакна денеска Филипче од Струмица. Апсолутно сметам дека треба да продолжиме во следниот период во насока на организација на средба на лидерите на сите поголеми политички партии. Ова нека биде уште еден мој повик до сите партии бидејќи јас тука не гледам никаква потреба да се делиме на македонски или албански блок кога станува збор за интересите на државата.