Руските сили извршија балистички ракетен напад врз Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Како што пренесува „Кијив пост“, во нападот загинале 12 лица, а ранети се и најмалку 50 лица.
Според шефот на управата за одбрана на градот, Олександр Вилкул, балистичката ракета погодила станбена зона. Друг локален функционер рече дека станбените блокови биле оштетени и избувнале пожари.
Ова е еден од најсмртоносните напади на Криви Рих од почетокот на војната, а градот исто така беше цел на почетокот на оваа недела кога беше погодена зграда во центарот, при што загинаа четири лица.