НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генерален штрајк во Грција

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2025 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк и бараат колективни договори и реални зголемувања на платите за справување со поскапувањата, а паралелно во низа градови ќе се одржат и протести.

Штрајкот ќе ја парализира земјата со оглед на тоа што учествуваат и голем број синдикати, здруженија асоцијации и сл.

Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, штрајкуваат и контролорите на летање со што повеќето летови од и кон земјата се откажани, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина.

Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, како и студентски здруженија и организации.

Во Солун, во Атина и во други грчки градови за претпладнево закажани се протести.

Генералниот штрајк го поддржаа и новинарите, организирани од нивните здруженија и како што е пракса во изминатите години, нивниот 24-часовен прекин со работата беше ден претходно, односно вчера, за денеска да можат да ги покријат протестите и демонстрациите и да информираат за нив.

Главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.

Грција вчера беше без вести и информативни емисии, а новинарите, штрајкот го завршија во пет часот утрово.

 

ГЕНЕРАЛЕН Грција штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.