Санто Доминго: Владата на Доминиканската Република во петокот објави извештај за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб на почетокот на оваа недела, во кој загинаа најмалку 221 лице, но извештајот не ја разјасни причината за трагедијата и се очекува тим од национални и меѓународни експерти да продолжи да ја истражува.
Трагедијата се случи нешто по полноќ во вторникот во преполниот ноќен клуб Џет сет за време на концертот на пејачот Руби Перез, кој е меѓу загинатите.
Од урнатините се спасени 189 лица, а 17 од нив се уште се во болница, соопшти Националната здравствена служба.