НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, рече денеска потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, на прес-конфереција.

Власта измислила сама да пресметува колку „чини животот” на граѓаните и се обидува да го убеди народот дека со 400 евра може да се живее. Ама, граѓаните да не одат на одмор, да немаат можност ниту за кино или театар – тоа било луксуз според власта. Да се живее само за сметки и храна, и тоа од листата на препорачани производи од Владата. За Владата папаја, манго и аспарагус, а за граѓаните само трошки. За граѓаните да биде луксуз одморот, а власта да изнајмува цели авиони на грбот на народот. Целта на Владата е да го замени реалниот показател – минималната синдикална кошничка – со нова, владина креирана „просечна потрошувачка кошничка”. Ама не за четиричлено семејство, туку за тричлено. Нема веќе „мама, тато, дада и бато” како што најави премиерот за ПР – сега има само тројца, за бројките да изгледаат подобро.
Зошто токму просечна кошничка? Затоа што се споредува со просечна плата, која расте побрзо и се прикажува секој месец. Минималната – еднаш годишно. Така ќе покажуваат „раст на стандард”, но само на хартија. Не и за граѓаните со минимална плата, рече Костова.

Новата просечна кошничка ќе ги игнорира реалните трошоци. Ќе се сведува само на храна и сметки, без никаква рекреација, култура или достоинствен живот. Она што го содржеше синдикалната кошничка – како минимум за живот – веќе ќе го нема. Не затоа што не е потребно, туку затоа што Владата сака да прикаже помали бројки. А, токму просечната потрошувачка кошничка треба да мери просечен стандард, со реални трошоци за едно семејство, со пристојна исхрана, квалитетни производи, културен живот. Не само гол опстанок. Ова не е економска мерка, туку политичка манипулација. И уште една навреда за интелигенцијата на граѓаните. Бараме власта да се откаже од оваа срамна и скандалозна намера, додаде таа.

 

кошничка Потрошувачка СДСМ Скандалозно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.