НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Долари или евра за одбраната – тешко трансатлантско прашање за зајакнување на европската одбрана 

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2025 АНАЛИЗА, НАСЛОВНА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативата „Купувај европско“ има за цел да поттикнува заедничка набавка, особено за големи проекти од колективен интерест, меѓу кои противвоздушната одбрана, проектили со голем дострел, карго-авиони, кибер или вселенски инвестиции. Согласно принципот „Купувај европско“, вредноста на трговијата со вооружување меѓу 27-те земји членки на ЕУ ќе треба да претставува најмалку 35 отсто од вредноста на целиот континентален пазар до 2030 година. Во моментов уделот е 15 отсто.

ЕНР

Решително се движиме кон силна и посуверена одбрана на Европа, изјави неодамна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по кризниот Самит на лидерите на ЕУ, чија цел беше одобрување на Планот за повторно вооружување на Европа, наспроти растечката закана од реваншизам од страна на Русија.

– Зборовите ќе ги претвориме во дела, потенцира поранешниот премиер на Португалија.

Но, Европската Унија се соочува со едно итно прашање, а тоа е – каде да се потрошат парите? Дали милијардите треба да се исплатат на компаниите од одбранбената индустрија во Европа или во Америка?

Каков е планот?

Загрижени поради можноста САД да се повлечат од обезбедувањето на сигурноста на Унијата, како и по судирот на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Белата куќа, лидерите на ЕУ дадоа поддршка за Планот за зајакнување на одбраната на блокот и за воена поддршка на Украина во нејзините напори да се одбрани од руската инвазија.

Планот вклучува драстично зголемување на трошоците за одбрана со мобилизација на 800 милијарди евра во следните четири години, меѓу кои и 150 милијарди евра за заеми за проекти за вооружување, кои ќе ги подигнува Европската комисија на пазарите на капитал и кои се гарантирани од буџетот на ЕУ, а и ќе се дозволуваат исклучоци од правилата на ЕУ за висината на долгот за земјите членки за инвестиции во одбраната.

Ќе се преземат и други мерки за да се најдат повеќе пари преку реформа на кохезивните фондови на ЕУ со укинување на рестрикциите за нивно користење за одбраната, преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), како и преку мобилизација на приватните фондови благодарение на комплетирањето на Унијата на пазарите на капитал.

Пари за трошење

Сега иницијативата треба да се реализира. Но, сега и почнува да се појавуваат вистинските проблеми во ЕУ.

Неколку земји не се задоволни, бидејќи планот не нуди многу од финансиска гледна точка.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека треба сериозно да се размисли за ново големо задолжување на ЕУ.

ЕУ вакво задолжување преку Еврообврзници изврши само еднаш и тоа за време на ковид-пандемијата за да се ублажат економските последици. Но, Германија, Холандија и Австрија не се согласуваат со нивна повторна употреба.

Владата на Германија минатиот месец усвои измени на строгите лимити за трошење на земјата за да се овозможат нови инвестиции во одбраната и инфраструктурата од стотици милијарди евра.

Холандија, која не сака да се задолжува, не се очекува да направи нешто такво, додека пак земјите кои се многу задолжени, како Италија и Франција, немаат финансиски капацитет за тоа.

„Купувајте европско“

Принципот „Купувајте европско“ е уште еден трнлив аспект кој Франција многу го посакува како начин да се зајакне европската индустрија, што би значел европските јавни пари да се трошат во европската воена индустрија.

И за ова има поделени мислења од оние земји членки на ЕУ кои би сакале да видат поотворен синџир на вредности, можеби и да се вклучат САД, откако ќе се добие пристап до 150 милијарди евра, подигнати од Комисијата.

Иницијативата „Купувај европско“ има за цел да поттикнува заедничка набавка, особено за големи проекти од колективен интерест, меѓу кои противвоздушната одбрана, проектили со голем дострел, карго-авиони, кибер или вселенски инвестиции.

Согласно принципот „Купувај европско“, вредноста на трговијата со вооружување меѓу 27-те земји членки на ЕУ ќе треба да претставува најмалку 35 отсто од вредноста на целиот континентален пазар до 2030 година. Во моментов уделот е 15 отсто.

Шефицата на надворешната политика на ЕУ, Каја Калас, од нејзина позиција објасни зошто Европа треба да ја намали зависноста од Америка за набавки во одбраната.

– Во моментов многу купуваме од Американците, но треба да направиме диверзфикација за да имаме способност да произведуваме муниција, како и други работи кои ни се потребни, изјави Калас на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Варшава.

Шведска е една од најголемите поддржувачи на тоа да се има тесна соработка во одбраната со земји кои не се дел од ЕУ, делумно поради силните врски меѓу шведската одбранбена индустрија и секторот во Норвешка и Обединетото Кралство.

Но, Шведска, исто така, нема ништо против принципот „Купувај европско“, бидејќи тоа може да биде од полза за шведската индустрија и големите компании, меѓу кои „Сааб“, „Бофорс“ и „Хаглундс“.

– Чудно е тоа што 80 отсто од оружјето во Европа е купено во САД, кога и ние имаме успешна европска одбранбена индустрија, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон во февруари.

„Купувај европско“ или купувај француско?

Германија, Франција и Полска неодамна објавија планови за зајакнување на нивните војски.

Варшава има за цел следната година да одвои околу пет отсто од својот БДП за воени трошоци, во споредба со 4,7-те проценти во 2025 година. Полска, исто така, сака да им олесни на компаниите надвор од ЕУ да имаат пристап до буџетот за одбрана на Унијата – позиција со која Франција не се согласува.

Франција, која има добро развиена одбранбена индустрија, е најсилниот поддржувач на принципот „Купувај европско“ и долго време се залага Европа да развие капацитети што ќе и овозможат да дејствува независно од САД за глобални прашања.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави планови за зголемување на нарачките за француските борбени авиони „Рафал“ и додаде дека земјата треба да биде подготвена да се одбрани „ако сакаме да избегнеме војна.“

Франција, исто така, треба да испорача неколку стотици проектили земја-воздух „Мистрал“ на Данска, објави Елисејската палата на почетокот на април.

Данска бара европска поддршка во последниве месеци за да се спротивстави на заканите на Трамп да го преземе Гренланд.

Од топло на ладно

Интересите на француската одбранбена индустрија се протегаат од поладните клими во ЕУ до потоплите води на Медитеранот.

Неодамна, Грција потпиша договор за воена соработка со Франција и нарача 24 борбени авиони „Рафал“ и три фрегати „Белара”, во вкупна вредност од над 5,5 милијарди евра. Фрегатите можеби ќе бидат изградени во грчките бродоградипишта согласно новиот предлог, изјави извор на француската групација „Навал“.

Поради тензиите кои траат со децении со ривалот во регионот, Турција, Атина традиционално одвојува најмалку два отсто од својот БДП за одбраната, со што го исполнува критериумот на НАТО. Грчката влада планира да инвестира 25 милијарди евра во одбраната во следните 12 години.

Грција, која лојално купува европска воена опрема, особено од Франција и Германија, отсекогаш ги оправдувала своите набавки на оружје со тоа што посочува на територијалните спорови и закани од Анкара.

Бидејќи е блиску до зоните на конфликт во Блискиот Исток, Грција исто така се залага да ја зајакне својата позиција на границата на ЕУ со Источниот Медитеран.

Атина, исто така, има потпишано договор за набавка на 20 борбени авиони Ф-35 од американско производство.

Буџетот за одбрана на Хрватска и Бугарија

На север, Хрватска покажува слична прагматичност со тоа што купува оружје и опрема и од европски и од американски производители.

И пред да биде избран Трамп за претседател на САД, Хрватска нарача осум артилериски ракетни системи со висока мобилност М142 (ХИМАРС) од американскиот производител „Локид Мартин“.

Хрватска, исто така, одлучи да набави 89 користени пешадиски борбени возила Бредли М2А2 од САД. Минатата година, Хрватска потпиша договор за купување на осум хеликоптери УХ-60M „Блек Хок“ за хрватската армија.

Во 2021, Хрватска потпиша договор за набавка на 12 користени повеќенаменски борбени авиони „Рафал“, произведени од францускиот производител на авиони „Дасо авиасион“. Договорот опфати системи за оружје, резервни делови, логистика и обука.

Со набавката, хрватската авијација ќе ги замени застарените ловци МиГ-21 од советско потекло.

Хрватска купи и француски системи за противвоздушна одбрана, вклучувајќи го и системот за противвоздушна одбрана со краток дострел МБДА Мистрал 3, а земјата е во процес на финализирање на набавката на 30 француски самоодни хаубици ЦЕЗАР 155 мм.

Во октомври, Хрватска и Германија потпишаа писмо за намери за хрватска набавка на 50 нови германски борбени тенкови Леопард 2А8, по намалена цена во замена за донирање на тенкови и пешадиски борбени возила во Украина.

Последниве години, како дел од напорите да ја модернизира армијата во согласност со стандардите на НАТО и да го зголеми буџетот за одбрана, Бугарија соработува и со европски и со американски производители.

Таа има договор за проектирање и изградба на два повеќенаменски модуларни патролни пловила од „Лурсен Верфт“ од Германија. Проектот е вреден околу 503 милиони евра.

За да ги модернизира своите воздухопловни сили, Бугарија ќе купи повеќенаменски борбени авиони Ф-16 Блок 70 од „Локид Мартин“, а ќе набави и 16 авиони за вкупно три милијарди долари.

Исто така, Бугарија има договор за 183 возила Страјкер и соодветна опрема за бугарските вооружени сили за околу 1,5 милијарди долари. За муниција треба да се потрошат дополнителни 170 милиони долари. Првите испораки на возилата Страјкер се очекуваат во третиот квартал на 2025 година.

Поинаква дискусија

Во Словачка, дискусиите во врска со одбраната се поинакви. Европратеникот Лудовит Одор, поранешен премиер и член на опозициската партија Прогресивна Словачка, поддржува зголемување на европскиот буџет за одбрана.

Но, тој смета дека е прерано да се зборува за конкретен процент на зголемување. – Трошоците на европско и национално ниво мора да се засноваат на заедничка стратегија во која ќе може да се најдат синергии. Прво нив да ги дефинираме, па потоа да зборуваме за конкретни проценти, изјави тој.

За разлика од него, независниот европратеник Бранислав Ондруш, кој има став како и сегашната популистичка и проруска словачка Влада, смета дека планот на Комисијата за буџетот на одбраната е лудост.

Тој смета дека со купување на повеќе оружје, Европа нема да биде побезбедна. – Се согласувам со потребата да се зајакне безбедноста на Европа, но тоа треба да се направи на поинаков начин, вооружување никогаш не значело и повеќе безбедност, изјави тој.

Независниот словачки европратеник, сепак, не објасни како планира Европа да стане побезбедна без вооружување.

 

ЕУ одбрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.