Тирана: Шефот на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, Алтин Думани, изјави дека корупцијата на високо ниво во Албанија се спроведува на софистицирани начини, при тоа наведувајќи бројка за високи функционери кои паднале во мрежата на СПАК.
Во борбата против корупцијата под истрага се 33 високи функционери, за 19 од нив веќе се води судска постапка. Во текот на 2024 година имаше правосилни казни за десет јавни функционери. Истрагите докажаа дека корупцијата се одвива на софистицирани начини, рече Думани презентирајќи го годишниот извештај во Високиот совет на обвинители.
Тој презентираше состојба на запленети средства, кои „бележат значителен раст споредено со претходната година.
Според него, се забележува намалување на пријавите од Државната полиција, но се зголемуваат случаите иницирани од граѓаните, што е „ показател за зголемена доверба во СПАК.