Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калас: Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 14, 2025 19:37

Сите земји членки на ЕУ сакаат мир и поддржуваат прогласување примирје, Украина пред повеќе од еден месец се согласи на безусловен прекин на огнот, но гледаме дека Русија се уште е единствената што сака војна, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. 

Во текот на викендот бевме сведоци на најсмртоносниот воздушен напад во Суми, со што Русија јасно покажа дека воопшто не сака мир, додаде Калас на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Според неа, единствениот начин да се натера Русија сериозно да преговара за мир е да се изврши поголем притисок врз неа, за што веќе ЕУ го подготвува 17-от пакет санкции, но во исто време треба и воено да се засили Украина, па на министерската средба станало збор за начинот за поддршка на Киев со снабдувањето со оружје и со обука на украинските војници.

Кога станува збор за иницијативата за испорака на два милиони парчиња муниција на Украина, среќна сум што гледам дека веќе исполнивме две третини од таа цел, но се уште немаме 100 проценти и дефинитивно треба да продолжиме со испораката, рече Калас, додавајќи дека големо мнозинство од земјите членки се согласуваат дека ЕУ треба да направиме повеќе во поддршката за Кијив.

Таа потсети дека оваа година членките на Европската Унија веќе одвија над 23 милијарди евра за помош Украина, со што веќе се надминати ланските 20 милијарди евра.

ЕУ Калас Мир напад не сака Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.