Мирсад Колашинац: Притворените за Кочани се 99% бивши функционери што дале согласност да се издаде лиценца. Сите инситуции па и премиерот потврди дека низ сите градови откриле дека има дискотеки кои имаат лиценци а не исполнуваат услови. Тогаш зошто не се притворени сите началници и градоначалници по градовите туку само во Кочани? За пожарот не е виновна лиценцата која била издадена и истекла, туку пиротехничките средства и тој што ги дозволил да се користат. Додека дискотеката Пулс имала лиценца не се случил пожар, исто како што било и во сите останати градови во државата каде имало дискотеки кои не исполнуваат услови. Тоа значи дека одговорноста на овие што се во притвор и овие од сите останати градови е еднаква. Ете тоа е селективна правда односно неодговорност. Или сега обвинителот се лигави на власта да не биде сменет па ги притвара само оние кои ќе му ги кажат.Има ли пилот во авионот .Селективна правда не е правда!
Извор: Фејсбук ѕидот на авторот