Врховната рада на Украина денеска усвои предлог-закон за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација во земјата за уште 90 дена, до 6. август.
Вонредната состојба и општата мобилизација ќе бидат продолжени на 9. мај од 05:30 часот и ќе бидат во сила во наредните 90 дена.
Оваа информација ја објави пратеникот Јарослав Железњак на својот канал на Телеграм.