Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каузална системска одговорност или истражнa правно политичка местенка

0
By Zoran Ivanov on April 18, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 18, 2025 18:39
Зоран Иванов
Уште нешто за обвинителството за кочанската трагедија.
Попрецизно, за правната квалификација на државниот јавен обвинител кој од почетокот на истрагата, откако доби амнестија од премиерот и кликата, со јавните изјави се однесува како да е паднат од некаде.
Од неговите досегашни вербални дребулии излегува дека или му рекле играј ја „шири, шири весели пешкири” со обвиненијата, односно толку многу персонално да ја рашири истрагата со намера зад шумата обвинети да се задскријат актуелни виновници или искусниот обвинителски мудрец им смислил мала хи, хи, злобничка одмазда што во судското време би ја приредиле адвокатите на веќе над шеесетмината обвинети.
Или пак, ако математиката е да се сокрие најморалниот актуелен виновник чија екипа била непосредно одговорна за безбедноста на дискотеката, згора и дел од екипата нешто по нели, задача, значи со службен налог, била на местото на настанот и тоа само саат пред најголемата македонска трагедија, излегува дека теоријата на главниот обвинител дека обвиненијата за пожарот во кочанската дискотека што ги распослал десет, петнаесет години наназад,м а според епп нотите на власта, има за цел епилог со системска одгворонсот. Демек системот да е виновен. Вината да е во каузалноста на системските институциони непостапувања, а не само во некој или некои овде и сега на денот или кратко пред трагичната ноќ.
Па таа и таквата некаква каузална, нели, логика, упатува дека во своето тефтерче обвинителско, обвинителот наскоро ќе мора да си го запише или дури и да не го запише ќе се подразбира дека ќе е запишан, и актуелниот мвр министер со кого сега споделува заеднички пресови на кои, засега, првиот, министерот, диктира, а вториот, обвинителот, си запишува и си објавува обвинети.
Тезата вметната во овие редови може да е небулозна. Но, можеби и да не е. Судот е времето па …, па еве на темава уште збор, два.
Како е залетан полицискиот министер во персонални креациит обвинети што му ги нафрла на обвинителот, што уште не согледува дека со таквиот каузален обвинителски метод, всушност, можеби токму него го пакува обвинителот.
За појасно, ако обвинението на обвинителот, како што тој самиот ептен инсистира,  се темели врз каузалноста на пропустите на субјектите надлежни и одговорни во системот, последната карика на одговорните и надлежните во тој и таков системот, се сегашните носители на атрибутите “надлежен” и “одговорен”.
Значи, ланец надлежни и одговорни во кој како алки се влечат разно разни функционери меѓу кои, како најодговорни за безбедноста на теренот, по дефиниција се министрите на полицијата.
И по таа и таква системски каузална обвинителска линија наметната по идеја на власта или по идеја на обвинителството, сеедно, а за која уште отсега адвокатите како да си ги тријат рацете, многу е логично, обвинението, макар во некаква морална димензија, да заврши со актуелниот полициски министер.
Дали во процесот на истрагата обвинителот ја прифатил играта на власта, онаа од почетокот на овој текст “шири, шири …”,  или пак тој стар обвинителски лисец самиот и’ ја наметнал за да и’ се одмазди за јавните бламирања што таа му ги приреди па во својата широко распослана и нели каузална мрежа обвинети на крајот, како сом на мрестење, практично самиот ќе си се улови и актуелниот шеф на македонската полиција, тоа останува да го потврди или да го негира претстојната судска процедура.
А дотогаш, дотогаш ќе остане неодговорено – каузална системска одговорност или истражна правно политичка местенка.
Зоран Иванов колумна МВР местенак или ... минитер обвинител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.