НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крадец во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во прилепско украл од 12.000 до15.000 денари

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Ноќта помеѓу 22 и 23 април бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Обршани, Општина Кривогаштани. Информацијата за грабежот е објавена на фејсбук-страницата на манастирот, како и снимката од безбедносните камери. На нив е документирана кражбата, при што се забележува маж кој маскиран со „фантомка“ влегол во манастирот и од масата каде се продаваат свеќите ја зел фиоката со парите.

Настанот сликовито го опишува Благојче Евтимџиоски од селото Обршани, верник кој имал можност преку апликација на мобилниот телефон да ја следи состојбата со видео надзорот во Манастирот од каде се смета дека се украдени од 12 000 до 15 000 денари.

Кражбата се случи во 3 часот по полноќ на 23 април. Јас добив порака на мобилниот изутрината, зашто имаше прекин во интернетот. Штом го видов видеото, веднаш пријавив во полицијата и отидов во Манастирот. Дојдоа двајца полицајци од полициската станица од општина Кривогаштани. Дадов изјава, па морав тоа да го направам и во прилепската полиција. Фиоката е оставена надвор, а крадецот, според нашите пресметки украде од 12.000 до 15.000 денари, објаснува Евтимџиоски.

Необично е што пред кражбата во Манастирот, крадецот бил забележан околу багерите на патот во селото.

Вечерта на 22 април, пред ноќната кражба во Манастирот, крадецот го виделе како се движи околу багерите на патот што се гради во селото. Се сожалиле на него и го пуштиле. Тој прашал каде е пругата, му објасниле и веројатно по тој пат стигнал ноќта до Манастирот и го ограбил, вели Благојче Евтимџиоски.

Тој посочува дека вчера попладнето, по кражбата во Манастирот, крадецот бил виден меѓу селата Пресил и Бучин.

Случајот се истражува. Ова првпат се случило во Манастирот кој имал видео надзор од пред една година.

крадец Манастир Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.