Скопје: Попладнево престрелката меѓу две групи од по 5-6 луѓе во близина на полициската станица „Бит Пазар“. Според неофицијални информации, едно лице завршило со потешки повреди и моментално се наоѓа на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР велат дека на местото на настанот се испратени дополнителни полициски сили и дека истрагата е во тек.
На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, појаснуваат од МВР.