НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погребан папата Франциск

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со црковни песни, длабоки емоции и солзи, илјадници верници, граѓани и светски лидери му оддадоа последна почит на духовниот водач на Римокатоличката црква. Погребната церемонија започна утрово во 10 часот на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Ковчегот на понтифот беше изнесен од базиликата Свети Петар, проследено со аплауз од насобраните верници.

Покрај 200.000 луѓе на погребната миса беа присутни повеќе од 220 кардинали и 750 бискупи, свештенство од другите цркви и верски заедници, како и 50-тина шефови на држави, влади и монарси од 164 официјални делегации, меѓу нив и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

На плоштадот Свети Петар места беа резервирани и за американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија, како и останатите светски лидери со сопругите –претседателот на Аргентина, татковината на Папата, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и британскиот престолонаследник Вилијам, како и други познати европски лидери, меѓу нив и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Светата погребна миса ја предводеше италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре, исполнувајќи му ја последната желба на папата Франциск за скромно и достоинственио испраќање.

Богат со човечка топлина и длабоко чувствителен на денешните предизвици, папата Франциск навистина ги сподели грижите, страдањата и надежите на ова време: Кардинал Џовани Батиста Ре

Кардиналот Батиста Ре потсети на постојаните пораки за мир во светот на папата Франциск и важноста на неговото дејствување за градење мостови, а не ѕидови.

Соочен со беснеечките војни во последните години, со нивните нечовечки ужаси и безброј смртни случаи и уништувања, Папата Франциск непрестајно го креваше гласот молејќи за мир и повикувајќи на разум и искрени преговори за да се најдат можни решенија.

Градете мостови, а не ѕидови“ беше поттик што тој го повторуваше многу пати.

Илјадници верници поитаа кон Ватикан во раната зора. Многумина кампуваа за да заземат места што поблиску до бината за церемонијата. Некои носеа знаме на својата земја околу рамената, други држеа слики од Франциск, познат по својата скромност и отворени ставови. Меѓу нив имаше и такви што патувале со денови од Еквадор за да стигнат на погребот на папата.

По службата од Ватикан започна последното патување на папата со познатиот папамобил до неговото избрано почивалиште – едноставен гроб во неговата омилена црква Санта Марија Маџоре, во Рим. По должината на приближно 5,5 километри долгата рута од плоштадот „Свети Петар“, поворката помина покрај многу познати споменици во Рим, вклучувајќи го и Колосеумот, а толпи луѓе аплаудираа додека поворката поминуваше.

Пред базиликата Санта Марија Маџоре, ковчегот го пречекаа и членови на маргинализирани групи и сиромашни лица кон кои Франциск беше особено наклонет.

Тој е првиот папа погребан надвор од Ватикан по повеќе од еден век, а самиот погреб во Санта Марија Маџоре се одржа скромно и во тајност на негово барање. На неговата надгробна плоча наместо титулата која ја носеше 12 години стои само името „Франциск“.

 

Папа погребан Франциск
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.