НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Власта ја политизира истрагата за Кочани

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување на телевизија Сител, истакна дека секоја забелешка од СДСМ за одговорноста на МВР во врска со трагедијата во Кочани е издржана и е дадена по консултација со правници.

Филипче посочи дека има детали кои укажуваат дека истрагата за трагедијата во кочанската дискотека е селективна, но власта упорно ја дефокусира јавноста со вадење на стари случаи со кои се обидува да ја политизира истрагата.

Тие наши забелешки ги кажуваме по една многу детална консултација со правници. Не се тоа само политички пораки коишто сакаме да ги упатиме. Нивната аргументација се претходните трагедии како модуларната болница во Тетово, Ласкарци, Беса Транс. Кога ќе кажеме зошто е селективна истрагата, ВМРО-ДПМНЕ веднаш оди со реториката дека ќе се отвораат стари случаи. Прво, никој не е уплашен дали некој случај ќе се отвора или не, но тоа е знак дека политички се влијае на истрагата. Тоа што некој сака политички да иницира реотворање на истраги за нешто што има, имало истраги, пресуди – тоа е доказ за политички импликации, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче посочи дека прашањата на СДСМ за трагедијата во Кочани се конкретни прашања за истрагата, додавајќи дека СДСМ ги поддржува надлежните институции да ја завршат истрагата.

Вечерта имало претставници на МВР во дискотеката по 2 часот, а внатре имало малолетници. Зошто забавата не е прекината, зошто имало пиротехнички средства, зошто никој не реагирал како претставник на МВР, а таму фактички присутен? Дали можеби не се доведува во прашање целата истрага поради тоа што во периодот кога се опфатени тие претходни функционери се оди 10–15 години наназад немало таков настан? Што е целта да се прави политички циркус? Имаме забелешка дека се штитат функционери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

интервју истрага Кочани политизира Сител Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.