Семејставата на жртвите од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, утре ќе одржат протестен марш во Скопје.
Протестниот „Марш за ангелите“ ќе започне во 12 часот и 5 минути што симболично ја претставува закаснетата реакција на институциите.
Маршот ќе започне пред Обвинирелство, ќе се движи низ улица Македонија се до Собранието каде што и ќе заврши.
Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.