Али Ахмети: Ќе протестираме за Крешник. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, кои исто така, бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Во пакетот мора да има и ветинг на сите политички партии од 1991 година до сега. Ветинг на сите функционери за потеклото на нивниот имот од 1991 година до сега. Ветинг на процесот на приватизација на државниот имот по 1991 година. Ветинг под меѓународен надзор и на судии, јавни обвинители и на самата полиција, вклучувајќи ги и сите политичари.
Извор: Слободен печат,мк