Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран на концертот на пејачката Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро во саботата.
Полијата, во соработка со Министерството за правда, изјави дека осомничените регрутирале учесници за извршување напади со импровизирани експлозивни направи, а планот имал за цел да привлече внимание на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си .
Лицето одговорно за планот е уапсено, а еден тинејџер е приведен, изјави полицијата.
Полицијата соопшти дека групата што го планирала нападот ширела говор на омраза, главно насочен против деца, адолесценти и ЛГБТИК+ заедницата.
Поп-иконата Лејди Гага во саботата приреди спектакуларен и бесплатен концерт пред повеќе од два милиони луѓе на прочуената плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, кој е нејзин најголем настап досега.