Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов напад врз Кијив, дрон погоди станбена зграда

0
By Marija Todorovska on May 7, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ФЛЕШ ТРИ
Фото: фејсбук Володимир Зеленський
Фото: фејсбук Володимир Зеленський
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 7, 2025 09:40

Најмалку две лица загинаа во Кијив во текот на ноќта кога остатоци од дрон погодија станбени згради, предизвикувајќи пожари во неколку области, соопштија денеска агенцијата за цивилна заштита и градоначалникот Виталиј Кличко.

Жртвите биле пронајдени додека пожарникарите се обидувале да ги изгаснат пожарите во становите кои избувнаа откако делови од дрон паднаа на петкатна зграда. Во меѓувреме, сирените за воздушна тревога и утрово продолжија да се огласуваат во главниот град, а Кличко ги упати жителите да се засолнат.

Кличко изјави дека уште осум лица се повредени, меѓу кои четири деца. Службите за цивилна заштита потврдија петмина повредени. Тејмур Ткаченко, шеф на градската воена управа, исто така на Телеграм соопшти дека има пет повредени.

Во една област беа уништени делови од станбена зграда, информира Ткаченко. Во друг случај се запалиле станови на седми, осми и деветти кат од десеткатна зграда. Погоден е и супермаркет.

Украинските медиуми известија за експлозии кои се слушнале за време на воздушната тревога во градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук соопшти дека во текот на ноќта, Русите лансирала четири балистички ракети и 142 дронови, половина од нив „Шахеди“. Според него, десетици други беспилотни летала сè уште се во украинското небо.

Зеленски информира дека Кијив бил погоден двапати – прво од балистички ракети, а потоа утрово и од дронови. Сите служби за итни случаи моментално се на терен и им помагаат на луѓето. Досега има извештаи за седуммина повредени, меѓу кои четири деца.

За жал, загинаа жена и нејзиниот син. Мое сочувство до семејството и најблиските, напиша Зеленски.

Тој информира дека од синоќа имало и бројни напади врз регионите Запорожје, Доњецк, Житомир, Херсон и Дњепар. Службите за итни случаи беа распоредени на сите тие локации. По рускиот балистички ракетен напад врз Велика Чернеччина во регионот Суми, Русите исто така почнаа да фрлаат воздушни бомби и да ја гранатираат областа – токму кога беа во тек спасувачките операции, дополни тој.

Зеленски Кијив Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.