Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој и каков е новиот католички „Лав“ – Папата Лео XIV?

0
By Zoran Ivanov on May 8, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 8, 2025 21:28

Тој се смета за центрист, но за многу социјални прашања се смета за прогресивен. Ги прифаќа маргинализираните групи како и Франциско,кој се залагаше за мигрантите и сиромашните. Но Превост се противи на ракополагање на жените за ѓакони, на пример, па затоа се смета за конзервативен во црковната доктрина.

Првично медиумско резиме за карактеерот на новиот Папа

Изборот на кардиналот Превост, умерен прагматичар близок до Франциско, е показател дека кардиналите на конклавата барале стабилна рака што ќе ја води Католичката црква низ трнливите доктринални дебати што ги поттикна неговиот претходник. Неговиот избор на името Лав што означува „сила за време на криза“ покажува спремност за она што ја чека црквата во време на глобална нестабилност.

Кардиналот Роберт Френсис Превост на вториот ден од конклавата во Ватикан е избран за 267-ми духовен водач на 1,4 милијарди католици во светот. Тој е првиот Американец на престолот на Свети Петар.

Ви најавувам голема радост. Имаме папа… Ќе го земе името Лав 14-ти, објави кардиналот Доминик Мамберти еден час откако се крена бел чад од оџакот над Систинската капела, каде што се одржаа изборите.

Превост не се спомнуваше често меѓу фаворитите спроти изборите, но тој е познат и влијателен во Ватикан. Во 2023 година беше назначен од папата Франциско да раководи со Дикастеријата за епископи – моќна канцеларија во Ватикан што ги надгледува епископските назначувања ширум светот.

Родум од Чикаго и ракоположен во 1982 година, докторирал канонско право на Папскиот колеџ во Рим и служел како бискуп на Чикалјо во Перу, каде што добил и државјанство.

Релативно млад, на возраст од 69 години, тој ја презема Католичката црква во историски момент на поделеност меѓу кардиналите – дали да се продолжи со поинклузивната насока зацртана од Франциско или да се врати на построга доктрина.

Лав ја претставува достоинствената средина на патот, изјави свештеникот Микеле Фалконе, од редот на Свети Августин.

Генерално, тој се смета за центрист, но за многу социјални прашања се смета за прогресивен. Ги прифаќа маргинализираните групи како и Франциско,кој се залагаше за мигрантите и сиромашните. Но Превост се противи на ракополагање на жените за ѓакони, на пример, па затоа се смета за конзервативен во црковната доктрина.

Даниел Робер, професор по католички студии на Универзитетот „Свето срце“ во Конектикат, изјави дека Лав веројатно бил попривлечна алтернатива од кардиналот Пјетро Паролин поради административните способности и поради тоа што е „помалку извалкан од ватиканската бирократија“.

Што се однесува до неговиот избор на папско име, Лав историски значи сила во време на криза, објаснува католичкиот свештеник и блогер Ед Томлинсон. Последниот папа со тоа име, Лав 13-ти, ја водел црквата од 1878 до 1903 година. Првиот, Лав Велики, од 440-461 година.

 

карактер медиуми Папа резиме
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.