НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се воведе бродска линија од Солун за островите Скијатос, Скопелос и Алонисос

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атина: Кон крајот на јуни се очекува одново да биде воведена бродската линија од Солун до Спорадите, односно до островите Скијатос, Скопелос и Алонисос што ќе функционира во текот на летниот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на Скијатос Тодорис Ѕумас преку социјалните мрежи информираше дека „по неколкумесечни напори, одобрено е финансирање на морското поврзување помеѓу Солун и северните Споради“.

Според солунските медиуми, средствата за финансирање на конкретната линија ќе бидат обезбедени од перифериите Централна Македонија и Тесалија, се очекува наскоро да започнат процедурите за тендер, а министерот за поморство Василис Кикиљас, вчера телефонски го информирал градоначалникот на Скијатос за одлуката.

Заедно со градоначалниците на Солун и Скопелос, долго време се бориме за отпочнување на бродската линија и оваа година. Се надеваме на што е можно поскоро започнување на линиите што го поврзуваат Солун со Скијатос, Скопелос и Алонисос, со цел да им бидат на располагање на жителите на северна Грција и да дадеме туристички поттик на северните Споради“, нагласи Ѕумас за информативниот портал „Вориа“.

Бродската линија, според најавите, оваа година се очекува да започне порано од лани, првиот траект да тргне околу 20 јуни, додека пак минатото лето беше воведена во јули.

Траектите од Солун за трите острови се очекува да сообраќаат во текот на целото лето до септември.

алонисос Грција скијатос скопелос Солун тарект туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.