Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марјановиќ: Обвинителството ќе ги контактира семејствата на починатите пациенти од случајот „Онкологија“

0
By Marija Todorovska on May 26, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 26, 2025 15:46

Ана Марјановиќ, онколошки пациент и член на Здружението „Хемаонко“, која денеска беше на средба со обвинителите за случајот „Онкологија“ информираше дека за кратко време ќе бидат исконтактирани семејствата на починатите пациенти во чии истории е утврдено несоодветно лекување, како и пациентите кои се уште се лекуваат. Марјановиќ кажа дека тие како пациенти нема да се откажат од овој случај, но и дека сметаат дека сите што биле оштетени треба да бидат парично обештетени иако тоа нема да го врати тоа што веќе го изгубиле. 

Бевме на средба во Обвинителството и добивме информации кои како за нас како пациенти се од огромно зналење. Првата информација која што ни ја дадоа е дека биле разгледувани сите пациенти во периодот од пет години кои примале и требало да примаат биолошка терапија. Од тие пациенти се лоцирани седумдесетина кај кои што се установило дека личи дека има некакви отстапувања од лекувањето. И овие истории биле испратени на вештачење надвор од земјата и така е утврдено за онаа бројка која што беше објавена од страна на обвинителството за несоодветно лекувани пациенти, рече Ана Марјановиќ, онколошки пациент од Здружението „Хемаонко“.

Посочи дека биле информирани и дека семејствата на починатите пациенти чии што истории се дел од истрагата, како и пациентите ќе бидат исконтактирани од страна на обвинителството.

За нас како Здружение и како пациенти оваа информација беше најзначајна за нас затоа што добивме мнгу прашања од пациенти дали се дел од нив, рече Марјановиќ.

Рече дека нема информација со каков тип на рак биле пациените во чии истории се пронајдени недоследности во лекувањето, но најчесто биолошка терапија се дава во одредена фаза на лекување кај пациенти со рак на дојка, на бели дробови, на дигестивниот тракт.

Марјановиќ посочи дека сега биолошката терапија се добива со конзилијарно мислење и се подига со потпис од страна на пациентите.

Без разлика кој и да направил некаков криминал нашиот став е ист мора да се плати мора дасе научи дека никогаш нема да се повтори, рече Марјановиќ.

обвинителство Онкологија хемаонко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.