Поуки за Северна Македонија: Време е за длабока трансформација. Искуството на Украина не е само важна лекција – тоа е аларм. Армијата на Северна Македонија, и покрај ограничените ресурси, мора да започне со систематска трансформација.
Сеад Ризвановиќ
Додека на воениот полигон Криволак се одржува воената вежба “Итен одговор 25”, можам со жалење да кажам дека ниту АРМ ниту членките на НАТО не се сеуште свесни за новата реалност која се случува поради војната во Украина.
Затоа подготвив куса анализа.
Воено технолошка револуција: Поуки од Украина и потребата за реформи на Армијата на Северна Македонија.
Војната помеѓу Русија и Украина радикално го промени карактерот на војувањето. Летото 2023 година, додека украинските и руските сили напредуваа метар по метар, одеднаш се појави масовна употреба на дронови – извидувачки, офанзивни и дронови за корекција на артилериски оган. Поврзани со системи за ситуациска свесност, овие технологии го направија боиштето целосно транспарентно. Резултатот беше можност за бесконечни прецизни удари на тактичко ниво.
До почетокот на 2024 година, дроновите веќе погодуваа цели длабоко во оперативната зона, а не само на фронтот. Стана невозможно да се скрие опрема, резерви или логистика. Се формираше т.н. „зона на апсолутна смрт“ широка 10–15 километри пред фронтот, каде што дронови ловеа не само оклопна техника, туку и индивидуални војници.
Во исто време, електронското војување (ЕВ) се развиваше забрзано. Способноста на скапите проектили и муниција водена преку GPS беше речиси целосно неутрализирана.
Нападите со класични сили станаа самоубиствени. Дури и мали, технолошки напредни и мобилни единици, поткрепени со ЕВ и системи за свесност, го изгубија ефектот.
Во суштина:
Беспилотните системи и дигиталната технологија го сменија самото лице на војната;
Оклопната техника стана беспомошна против евтини дронови;
GPS-навигацијата е длабоко компромитирана;
ПВО системите мора да се адаптираат на евтини и масовни закани;
Доминацијата на воздухопловните сили е изгубена;
Поморскиот простор го контролираат морски дронови;
Поуки за Северна Македонија: Време е за длабока трансформација:
Искуството на Украина не е само важна лекција – тоа е аларм. Армијата на Северна Македонија, и покрај ограничените ресурси, мора да започне со систематска трансформација:
- Развој на вештачка интелигенција и машинско учење. ВИ треба да се примени во извидување, планирање, управување со огнена поддршка и автономни системи. Македонија може да инвестира во локални стартапи и млади инженери за развој на алатки со двојна (цивилна и воена) употреба.
- Подобрување на електронското војување. Развивање на сопствени ЕВ решенија и навигациски системи независни од сателитски сигнали (кога се загрозени). Пример: когнитивна радио-технологија.
- Развој на евтини, прецизни и долгодометни беспилотни системи. Овозможување на систематско уништување на непријателската инфраструктура, преку локално изработени дронови или соработка со странски партнери.
- Масовно производство и набавка на дронови.
Инвестирање во:
- Нападни дронови;
- Извидувачки дронови;
- Противвоздушни дронови;
- Копнени беспилотни системи;
- Универзални борбени платформи;
- Морски беспилотни средства (за Охрид; и Струга како вежбовни зони).
- Интеграција на цивилни и двојни технологии.
Искуството покажува дека комерцијалните сателити, 3D печатење, социјалните мрежи и евтини компоненти за ЕВ може да се искористат за офанзивни и дефанзивни цели.
Македонија треба да отвори врати за експериментирање и иновации во овие области.
Долгорочна визија: Победува оној што се адаптира побрзо. Брзината на адаптација ќе биде клучен фактор во идните конфликти. Држави кои систематски и квалитативно ќе се префрлат на нова воено-технолошка парадигма ќе стекнат долгорочна стратешка предност.
Македонија мора да се подготви, не само за сопствената безбедност, туку и како кредибилен сојузник во НАТО.
Заклучок:
Украина веќе не е само примател на поддршка. Таа е извор на технолошки и тактички иновации.
Северна Македонија мора итно да ги анализира и приспособи овие искуства. Иднината на безбедноста не лежи во бројноста, туку во способноста за иновација, адаптација и дигитална доминација.
Од Фејсбук ѕидот на авторот