Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победува оној што се адаптира побрзо

0
By Zoran Ivanov on May 29, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 29, 2025 01:19

Поуки за Северна Македонија: Време е за длабока трансформација. Искуството на Украина не е само важна лекција – тоа е аларм. Армијата на Северна Македонија, и покрај ограничените ресурси, мора да започне со систематска трансформација.

Сеад Ризвановиќ

Додека на воениот полигон Криволак се одржува воената вежба “Итен одговор 25”, можам со жалење да кажам дека ниту АРМ ниту членките на НАТО не се сеуште свесни за новата реалност која се случува поради војната во Украина.

Затоа подготвив куса анализа.

Воено технолошка револуција: Поуки од Украина и потребата за реформи на Армијата на Северна Македонија.

Војната помеѓу Русија и Украина радикално го промени карактерот на војувањето. Летото 2023 година, додека украинските и руските сили напредуваа метар по метар, одеднаш се појави масовна употреба на дронови – извидувачки, офанзивни и дронови за корекција на артилериски оган. Поврзани со системи за ситуациска свесност, овие технологии го направија боиштето целосно транспарентно. Резултатот беше можност за бесконечни прецизни удари на тактичко ниво.

До почетокот на 2024 година, дроновите веќе погодуваа цели длабоко во оперативната зона, а не само на фронтот. Стана невозможно да се скрие опрема, резерви или логистика. Се формираше т.н. „зона на апсолутна смрт“ широка 10–15 километри пред фронтот, каде што дронови ловеа не само оклопна техника, туку и индивидуални војници.

Во исто време, електронското војување (ЕВ) се развиваше забрзано. Способноста на скапите проектили и муниција водена преку GPS беше речиси целосно неутрализирана.

Нападите со класични сили станаа самоубиствени. Дури и мали, технолошки напредни и мобилни единици, поткрепени со ЕВ и системи за свесност, го изгубија ефектот.

Во суштина:

Беспилотните системи и дигиталната технологија го сменија самото лице на војната;

Оклопната техника стана беспомошна против евтини дронови;

GPS-навигацијата е длабоко компромитирана;

ПВО системите мора да се адаптираат на евтини и масовни закани;

Доминацијата на воздухопловните сили е изгубена;

Поморскиот простор го контролираат морски дронови;

Поуки за Северна Македонија: Време е за длабока трансформација:

Искуството на Украина не е само важна лекција – тоа е аларм. Армијата на Северна Македонија, и покрај ограничените ресурси, мора да започне со систематска трансформација:

  1. Развој на вештачка интелигенција и машинско учење. ВИ треба да се примени во извидување, планирање, управување со огнена поддршка и автономни системи. Македонија може да инвестира во локални стартапи и млади инженери за развој на алатки со двојна (цивилна и воена) употреба.
  2. Подобрување на електронското војување. Развивање на сопствени ЕВ решенија и навигациски системи независни од сателитски сигнали (кога се загрозени). Пример: когнитивна радио-технологија.
  3. Развој на евтини, прецизни и долгодометни беспилотни системи. Овозможување на систематско уништување на непријателската инфраструктура, преку локално изработени дронови или соработка со странски партнери.
  4. Масовно производство и набавка на дронови.

Инвестирање во:

  • Нападни дронови;
  • Извидувачки дронови;
  • Противвоздушни дронови;
  • Копнени беспилотни системи;
  • Универзални борбени платформи;
  • Морски беспилотни средства (за Охрид; и Струга како вежбовни зони).
  1. Интеграција на цивилни и двојни технологии.

Искуството покажува дека комерцијалните сателити, 3D печатење, социјалните мрежи и евтини компоненти за ЕВ може да се искористат за офанзивни и дефанзивни цели.

Македонија треба да отвори врати за експериментирање и иновации во овие области.

Долгорочна визија: Победува оној што се адаптира побрзо. Брзината на адаптација ќе биде клучен фактор во идните конфликти. Држави кои систематски и квалитативно ќе се префрлат на нова воено-технолошка парадигма ќе стекнат долгорочна стратешка предност.

Македонија мора да се подготви, не само за сопствената безбедност, туку и како кредибилен сојузник во НАТО.

Заклучок:

Украина веќе не е само примател на поддршка. Таа е извор на технолошки и тактички иновации.

Северна Македонија мора итно да ги анализира и приспособи овие искуства. Иднината на безбедноста не лежи во бројноста, туку во способноста за иновација, адаптација и дигитална доминација.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

АРМ одбрана Сеад Ризвановиќ Технологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.