Ана Чупеска: Што да се каже освен дека ова е дрзок обид за злоупотреба на Собранието со намера да по пат на авторитарен процедурализам се унакажи елементарна правно веродостојна позиција – имено: да се нарекува Договор, па уште Стратешки, па згора на тоа да се пласира како меѓународен! Се` со цел да во Собранието се легализира ништовен документ кој се вика Аранжман (а не договор), и кој дефакто има сила на меморандум. Односно нема таква сила каква што они би сакале да ја има. Но, токму затоа, Собранието, тука требало / замислиле они, да им послужи како платформа за легитимирање и легализација на една крајно компромитирана документација сосе сите пропратни дрндупки. Срамота и греота.
Извор: Фејсбук