Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули оваа година, а останатите 50 проценти од 1 јануари следната година. Тоа ќе даде можност производителите да го зголемат своето прозиводство, да имаме поголем извоз и поголем приход за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што предвидуваат новите измени на Законот за царини.
Мицкоски напомена дека исто така со овие измени го усогласуваат и царинскиот тарифник за т.н. акумулатори на електрична енергија или резервоари за складирање електрична енергија што се прозведува, од сегашните 15 проценти на 2,5 или 2,7 проценти, со што, како што рече, ќе се олесни драматично инсталирањето на вакви уреди. ц