Богота: Конзервативниот сенатор Мигел Урибе, кандидат за претседател на Колумбија на изборите во мај 2026 година, е ранет вчера вечер за време на предизборен митинг во Богота. Владата го осуди нападот , додека неговата сопруга објави дека Урибе се бори за живот.
Според службите за итна помош, тој бил застрелан двапати во главата и еднаш во коленото.
Колумбиската полиција уапси 15-годишно момче кое се сомничи дека пукало во Урибе.