Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дива депонија во центарот на Кичево – кривична за директорот и четворица вработени на „Комуналец“

0
By Marija Todorovska on June 17, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Википедија
Фото: Википедија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 17, 2025 11:13

Кривична пријава доби директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, затоа што од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. Како што соопштија од МВР, тој формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Кривична добиле и четворица вработени во ова претпријатие.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од село Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“ , „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ и против Б.Б.(49) од село Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) од Кичево и Ф.Т.(62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“,  соопштија од МВР.

Како што потенцираат, З.Ј. постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина.

Ваквата состојба била констатирана со Записник за извршен инспекциски надзор на Државен инспекторат за животна средина.

Од МВР потенцираат дека на 4 јуни оваа година во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад.

„Комуналец“ Дива депонија Кичево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026Updated:July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

ВЕСТИ July 2, 2026

Во тешки руски воздушен напад врз Киев и други украински градови синоќа загинаа најмалку осум…

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026
ТИКЕР

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.