Универзитетскиот професор Мерсел Биљали во интервју за Нова тв вели дека нема услови за посериозна војна меѓу Иран и Израел.
Не сум сигурен дека двете држави и Иран и Израел сакаат некоја подолготрајна војна. Мислам дека се работи за воени лекции за конкретни активности и верувам брзо такви напади ќе завршат. Иран има таква географска конфигурација да скоро никогаш не е можна копнена војна. Израел скоро го има уништено Хезбулах, така да објективи за посериозна војна меѓу тие две држави нема, вели професорот Биљали.
Тој смета дека Иран бил на чекор во производството на нуклерарно оружје, целта е да се спречи и според професорот е делумно и остварена.
Не очекувам поголемо драматизирања во тој регион, оти Иран скоро да нема јаки сојузници. Русија има свои проблеми, а Кина се држи до своите принципи на некаква фактична неутралност, иако Иран е голем извозник на нафта, па тоа се рефлектира и во Кина и на цел свет!, вели професорот за Нова тв.
Интервјуто со универзитетскиот професор Мерсел Биљали, НОВА ќе го објави во своето утрешно издание.