Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека му дал на Иран „краен ултиматум“, додека Вашингтон размислува за потенцијална воена интервенција во таа земја.
Трамп рече дека мислењата за таа интервенција во Вашингтон се поделени, но дека Иран не може да има нуклеарно оружје, пренесува Си-Ен-Ен.
Иран не може да има нуклеарно оружје. Јас не гледам на долг рок, туку на краток рок. И тоа го говорам веќе 20 години“, рече тој, одговарајќи на прашање за учеството на САД во уште една долга војна.
Запрашан за содржината на ултиматумот, Трамп не сакаше да навлегува во детали. Тој, исто така, призна дека некои членови од неговата партија се „малку незадоволни“ поради можноста за американска интервенција во Иран, додека некои се „многу среќни“.
Во врска со изјавата на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи дека неговата земја „никогаш нема да се предаде“ во конфликтот со Израел, Трамп искоментира: „Нека му е со среќа“, пренесува СНН.