Украина и Русија денеска уште еднаш разменија воени заробеници со согласност со договорот постигнат во Истанбул.
Ниту Киев ниту Москва не соопштија колку воени заробеници разменија.
„Повеќето од војниците што денес се враќаат од руско заробеништво беа држени повеќе од две години. И сега, конечно, тие се дома“, напиша Зеленски на Телеграм.
Според него, меѓу ослободените се бранители на регионите Мариупол, Донецк, Луганск, Запорожје, Херсон, Харков и Чернихив, војници на украинските вооружени сили, Националната гарда и Државната гранична служба.
„Благодарен сум на сите што ги враќаат нашите луѓе. Работиме на тоа размените да продолжат сè додека не ги вратиме сите. Слава на Украина!“, рече Зеленски.
На втората рунда директни преговори во Истанбул, Русија и Украина се согласија да ослободат најмалку по 1.200 повредени заробеници и војници помлади од 25 години и да вратат илјадници тела на загинати војници.