Иво Јанковски: Охрид не заслужува толку густа понуда на кич и турбо фолк во толку кус туристички бран од два месеци. Ако само тоа им го нудите, народот тоа ќе гледа и слуша. Освен фестивалот „Охридско лето“, сета останата понуда на комерцијални концерти со чест на исклучоци е намената за широки народни маси. Неопходно е да се даде можност на луѓето со поинаков, пософистициран вкус за музика и тие да уживаат повремено. Верувам дека во тој поглед ќе се променат работите на подобро. Охрид тоа го заслужува! Ова во разговор за Охридњуз го изјави Иво Јанкоски – директор на Фестивалот Balkan Music Square кој по мала пауза се враќа на културната сцена на Охрид.
Извор: Охридњуз.мк