Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преспанското Езеро во критична состојба

0
By Zoran Ivanov on June 23, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2025 19:50

Доколку повторно настапила таква стрма надолна фаза, што е сосема веројатно заради глобалното загревање, намалените врнежи и зголеменото испарување, за неколку години езерото може да изгуби и до половина од ова мало количество вода што преостанало.

Дејан Трајковски

Достигнат е годинешниот максимум на нивото на Преспанско Езеро и отсега започнува спуштањето.

Минатата година беше лоша за Преспанско Езеро, ама оваа е катастрофална. Во изминатите неколку години барем преку зимата и во пролетта (во влажната сезона) нивото на езерото се кревало за околу 40 cm, но минатата пролет се крена нецели 30 cm, а оваа пролет – одвај 16 cm.

Од друга страна, ако порано нивото се спуштало за околу 55 cm во сувата сезона, лани се спушти за дури 75 cm,

Големи се шансите во оваа сува сезона, од јуни до декември, нивото повторно да се спушти за 75 cm, така што прогнозата за декемврискиот минимум ја спуштаме кон кота -695 cm, односно нов историски минимум откако се вршат мерења од 1917 година.

Во континуитет подвижнаа разлика на нивоата за период од 365 дена изнесува повеќе од 50 cm, а понекогаш дури и до 56 cm. Тоа одговара на неповратна годишна загуба на вода од 125 милиони кубни метри вода.

Ова не се случува прв пат. Од 1985 до 1995 година, цели 10 години годишното намалување на нивото изнесувало просечно 50 cm, па во тие години нивото на езерото се намалило за неверојатни 5 m!

Доколку повторно настапила таква стрма надолна фаза, што е сосема веројатно заради глобалното загревање, намалените врнежи и зголеменото испарување, за неколку години езерото може да изгуби и до половина од ова мало количество вода што преостанало.

Моментално просечната длабочина изнесува околу 12,5 m, додека во поголемиот дел од езерото длабочината изнесува одвај од 9 до 10 m.

Се чини дека загубата на вода добива дополнително забрзување во последниве две години и при ваква голема загуба малку може да се стори.

Од Фејсбук ѕидот на автоерот

 

дејан трајковски критична преспанско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.