Најмалку една балистичка ракета беше лансирана од Иран кон Израел, со што Техеран го прекрши примирјето, објавија израелските медиуми.
Ракетата веројатно била пресретната, а нема извештаи за удари или евентуални повредени, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека детектирале ново лансирање балистичка ракета од Иран, еден час откако Израел потврди дека се согласува со примирје.
Сирени се огласија во северен Израел.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Иран негира дека испукал ракета или ракети кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот.
Иранските државни медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти дека испукал ракета кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот.
Ова е одговор на претходната изјава на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, кој го обвини Техеран за кршење на договореното прекин на огнот и најави „силен одговор“ од израелската војска.